Американскиот актер Тајлер Сандерс почина во својот дом во Лос Анџелес на 18 годишна возраст, јавуваат вечерва светските агенции.

Најпознат е по улогите во серијата „911: Lone Star“ каде играше рамо до рамо со Роб Лоу, како и во „The Walking Dead“.

– Смртта на Тајлер се истражува, а тој ќе остане запаметен како добро дете од добро семејство, изјави Педро Тапија, неговиот портпарол.

Тајлер почна да глуми на десет години, а веќе доби номинација за Еми за улогата на Лео во серијата „Just Add Magic: Mystery City“.

Меѓу другите негови улоги се и онаа во „The Rookie“.

– Причината за смртта се уште не е наведена, а во тек е обдукција, како и истрага, наведува американски TMZ.