Пејачката Наташа Беквалац е некоја која се грижи за својот изглед и се труди да не ги повторува комбинации на облека на јавните настапи.

Покрај тоа, таа се грижи да изгледа оригинално, па имавме можност да видиме дел од нејзините екстравагантни изданија. Сепак, се чини дека сега ги помести границите, имајќи предвид како се појави на еден неодамнешен настап.

Имено, Наташа на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која таа се наоѓа во лифт, во едната рака држи сочен хамбургер и му позира на фотографот.

Сепак, поголемо внимание привлече она што пејачката го има на себе, или подобро да кажеме она што го нема. Имено, таа е „облечена“ од глава до пети во таканаречен „гол костум“, изработен од проѕирен материјал во боја на кожа, гаќички кои го покриваат интимниот дел и кристалите кои стратешки го кријат само централниот дел од градите.

Русокосата пејачка сето тоа го зачини со впечатлива шминка на очите, права коса и неутрален кармин. Во ова издание таа одлучи да се појави на својот настап.

Публиката имаше можност да ја види Наташа речиси гола, а сигурни сме дека припадниците на машкиот пол воопшто не се пожалија. Судејќи по атмосферата, популарната новосаѓанка целосно ја разгали публиката.

📸

📸

📸

📸

📸

📸