14-годишно девојче загинало во забавен парк во Данска, откако задниот дел од вагонот се откачил и излетал од шините.

Задниот дел од вагонот се откачил и висел под остатокот од возот во забавниот парк, изјави за данската ТВ2 менаџерот на забавниот парк Хенрик Рагборг Олсен. Несреќата се случила во забавен парк во градот Архус.

Во несреќата 13-годишно момче се здобило со тешки повреди на раката. Од паркот на Фејсбук објавија дека несреќата се случила додека линијата работела и дека се скршил дел од последниот вагон.

Полицијата околу 12:50 часот добила дојава за тешка несреќа во забавниот парк, при што било пријавено дека возот се заглавил и дека во него се уште имало луѓе.

Две лица кои седеле на задните седишта од возот се пренесени во болница, објави локалниот весник „Екстра Бладет“.

Полициската истрага за причините за трагедијата е во тек.