На виделина излезе вознемирувачка снимка од Кипар, на која се гледа како маж клоца жена, која го држи своето дете во раце. Мажот потоа ги напаѓа другите лица присутни на местото на настанот.

На шокантното видео кое доаѓа од Кипар, бесен маж со сета сила напаѓа со тупаници и клоца жена, која лежи на тротоарот. Таа го држи своето мало дете во раце.

Според полицијата, инцидентот се случил во област во близина на пристаништето Ларнака и полицијата веднаш излегла на местото на настанот, пренесе cyprustimes.com.

Насилникот се бара од надлежните органи.