Тринаесетгодишното девојче од Крагуевац, кое на 7 декември беше удрено од автомобил на пешачки премин во близина на шопинг центар, починала ноќеска во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.

Ова за Танјуг го потврди Маја Јовиќ, претставничката на родителите, кои по несреќата организираа протест, барајќи од надлежните да постават сообраќајна сигнализација на тоа место.

Како што соопштија денеска, родителите и членовите на одбојкарскиот клуб во кој тренирала девојката повторно ќе се соберат, на истото место, да запалат свеќи и да побараат правда од надлежните, бидејќи како што рекоа, возачот на автомобилот, кој го усмртил девојчето, се уште е на слобода.

Девојчето ќе биде погребано во вторник на гробиштата Бозман во Крагуевац.