Еден од најпознатите сплавови во Белград, „Фристајлер“ на новогодишната ноќ потонал до половина додека во него настапувал познатиот српски пеач Реља. Kако што јавуваат српските медиуми, набрзо по одбројувањето на полноќ сплавот почнал да се полни со вода, настанало стампедо, а има и повредени.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ, објави нова.рс. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.

Според еден млад човек кој синоќа на „Фристајлер“ ја чекал Новата година, сплавот почнал да тоне набргу по одбројувањето на полноќ.

„Дојдов синоќа околу 23 часот, гостуваше Реља. Ја дочекавме Новата година, по 10 минути почна паниката. Луѓето скокаа, паничеа. Никој не знаеше што се случува. Поплавата започна поради големиот број луѓе во задниот дел на сплавот. Настана општа паника. Имаше само еден излез. На почетокот не ни беше јасно дека се работи за поплава. Веднаш се виде дека има и повредени, дојдоа полиција и пожарникари, бараа и некои луѓе кои наводно скокнале“, изјави овој млад човек.

Вели дека утрово се вратил за да ја земе јакната која била оставена во посебна просторија на сплавот, бидејќи синоќа не можел да дојде до неа поради општиот хаос.

„Луѓето се обидуваа да излезат и да се прескокнат, немаше насоки од обезбедувањето. Имаше конфликт меѓу обезбедувањето и гостите. Сите отидоа да си ги земат јакните во посебната просторија, обезбедувањето веднаш ги избрка сите на непотребно агресивен начин и не ни ги даде јакните“, вели овој млад човек.

Забавата се претворила во панично бегство од сплавот во моментот кога водата почнала да навлегува во внатрешноста на објектот, вели една девојка.

„Се беше прекрасно додека наеднаш не се искрививме. Не сфативме веднаш што се случува, но кога ни се наводенија стапалата, настана вистински хаос – крискање, врескање и панично трчање кон излезот“, вели девојката.

Како што може да се види од бројните видеа и фотографии, сплавот потонал до половина, а гостите панично истрчале надвор.

„Само чекавме да стигнеме до излезот. Сите почнаа да трчаат одеднаш, а јас се плашев дека нема да можам да излезам пред да потоне. За среќа, полицијата и пожарникарите брзо реагираа и се добро се заврши“, додава очевидец.

📸