Телото на словенечкa државјанка, по кого трагала Планинската спасувачка служба (ГСС) од Мостар, утрово е пронајдено на локацијата Брашина, на планината Вележ.

Од оваа служба изјавија дека нивните екипи утрово во 08 часот и 30 минути веднаш по излегувањето на теренот ја пронашле мртва М.Д. од Целје.

Телото било пронајдено во тунел, во поранешен воен објект.

Полицијата вчера на планината Вележ го пронашла нејзиниот автомобил „шкода“ со кој се возела до тој крај откако нејзината мајка ја алармирала полицијата во Мостар.

Мајката им кажала дека последен пат телефонски разговарала со ќерка си во средата на 10 август кога и кажала дека е на планината Вележ, по што изгубила контакт со неа.

М.Д. била на Вележ и во февруари, кога од длабокиот снег на врвот Брашина беше спасена од екипи на ГСС Мостар.