Извршителот на масакрот во Цетиње, Вук Бориловиќ, проблематично минато и една пресуда за напад откриваат црногорските медиуми.

Според информациите на Побједа, Бориловиќ имал неколку пријави за насилничко однесување во младоста, а пред половина година прво вербално, а потоа и физички нападнал колега.

По конфликт на работното место, Бориловиќ отишол кај човекот дома, го повредил, му го оштетил автомобилот и фрлал кон куќата со камења.

Бориловиќ бил приведен во полиција, па имало судење и, како што дознаваат медиумите во Црна Гора, во јули годинава бил осуден и му било наредено да носи алка за нога поради неговото насилно однесување.

Се жалел, пресудата се уште не била правосилна, пишуваат црногорските медиуми.