Рано утринава избувнал голем пожар во куќа во Петроварадин, во поранешна дискотека, во Нови Сад, пренесуваат медиумите во регионот.

Пожарот избувнал утринава околу 5 часот, а причината се уште не е позната. Според првичните и неофицијални информации, по гаснењето на пожарот наводно биле пронајдени две тела. Истрагата е во тек.

– На првиот кат беа пронајдени телата на двајца неидентификувани мажи кои загинаа во пожарот. Во дворот на зградата живее уште една жена, но не е повредена, јавува Блиц.рс.

Полицијата изврши увид на лице место, а причината за пожарот ќе се утврдува подоцна.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, нивната екипа добила повик во 5:32 часот на адресата улица Рачко 79.

По пристигнувањето на местото на настанот пронајдени се две јагленосани тела на непознати лица. На лице место им била укажана помош на две жени на возраст од 67 и 43 години, кои имале стресна реакција.

Истрагата е во тек.