Полицијата во Целје го пронајде безживотното тело на поранешниот репрезентативец на Словенија, 42-годишниот Горан Санковиќ, кој исчезнал во петокот.

Веднаш била активирана потрага по него, но за жал полицијата го пронашла неговото тело и допрва треба да се утврди причината за неговата смрт.

Полицијата на Целје го пронашла мртов поранешниот фудбалер откако во петокот возел во непознат правец, а тамошните медиуми не ја соопштуваат причината за смртта на Санкович.

Од 1996 до 2001 година, играше за родниот Публикум од Целје, а потоа замина во странство.

Во Чешка настапуваше за Славија Прага, а меѓу 2002 и 2004 година играше за Аратитос и Паниониос од Грција.

Санкович беше капитен на јуниорските репрезентации на Словенија, за репрезентацијата до 21 година забележа вкупно 22 настапи, додека за сениорите играше пет пати.

Воедно со најдобрата словенечка репрезентација беше дел од Светското првенство во 2002 година.