Тригодишно момче загина вчера вечерта во српското село Купиново, кога од тоа место во него удрил автомобил „БМВ“ управуван од О.М.(17).
Од здобиените повреди детето на половина пат до болница починало, а според СВР Сремска Митровица, на возачот му е одредена мерка притвор до 30 дена поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај. Што доведе до оваа трагедија ќе се утврди со понатамошна истрага.
Мештаните не можат да се вразумат откако слушнале што се случило, а за оние кои го виделе сето тоа било уште полошо.
– Вељко го донесе синот на детското игралиште каде си играше со други деца. Малиот во еден момент се спуштил во каналот кој го дели игралиштето од патот и таму забележал куче, што му било интересно. Неговиот татко и тетка седнале на блиската клупа за да можат да го следат, но малото дете веднаш истрчало на улица и се нашло пред возилото – вели еден од очевидците, кој во тој момент бил со своето дете. Тој со солзи се присетува на немилиот настан на игралиштето и не сака јавно да му се споменува името.
Човекот вели дека дури тогаш следела вистинската драма, врисоци и крици од деца и родители.
Според приказната на соговорникот, возачот на „БМВ“ веднаш застанал и излегол од возилото, паднал на колена и почнал да се тресе од шок.
-Детето веднаш било ставено во возилото кое го удрило, само што побрзо да се пренесе до болница. По пат се сретнале со брзата помош, каде го сместиле во амбулантата. И покрај реанимацијата, немало спас за детето, починало на половина пат до болница – вели соговорникот, кој додава дека ретко кој од селото можел да спие таа ноќ од тоа што биле потресени.
Загинатото момче со семејството било на одмор кај бабата и дедото. Татко му веќе неколку децении живее во Германија и секое лето доаѓа кај родителите во Купиново.
– Ова е втор брак на Вељко, од првиот има син, а од вториот два сина. Со оваа жена која е Ашање имаатпостаро дете околу 7-8 години и овој малечок кој имаше 3,5 години. Инаку, тоа добро, работничко семејство. Ги снајде тешка трагедија – вели за Блиц.рс Никола С., додавајќи дека бабата и дедото на Вељко во далечните 50-ти години се преселиле во Купиново од Босна.
Мештаните од ова село немаат лоши зборови за 17-годишникот, велат дека не е проблематичен млад човек, туку дека ова било само несреќен случај.
– Скоро се ожени, неговата сопруга е бремена. Не знаеме дека некогаш правел проблеми. Знам дека има пробна дозвола, единствено е што сигурно не смеел да го вози тоа возило поради кубикажата – истакнува соседот.
Очевидци кои присуствувале на овој немил настан тврдат дека О.М. не возел пребрзо, но претпоставуваат дека кога детето се појавило на патот не го забележал.
– Каква поголема казна за него од тоа да живееш со фактот дека си одзел нечиј живот – вели таткото на едно од момчињата што тогаш било на игралиштето.
Be the first to write a comment.