Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море кај брегот на Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 4 километри од Драч и на 30 километри од главниот град Тирана, според веб-страницата ЕМСЦ.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.