Игор Радивојевиќ од Србија трагично почина поради епилептичен напад во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 40 години и отиде во Америка за подобра иднина, објави на страницата Gofundme Срѓан Димитријевиќ, пријател на братот на Игор, за да помогне да се соберат пари за транспорт на телото во Србија.

– Со брат му Иван од Обреновац сум многу близок пријател. Тој на секој начин се обидува да го врати својот брат дома. За жал, сите знаеме колку е тешко да се направи тоа со платите во Србија. Се јавивме во погребалната агенција „Света Гора“ од Чикаго, која ќе ги преземе сите транспортни обврски, но оваа услуга не е евтина – изјави Срѓан Димитријевиќ и ги повика сите да донираат колку што можат.

Како што наведе, сите собрани пари одат за погребната служба и ќе бидат наменети само за превоз и погребни трошоци.

Огласот е на страницата веќе два дена, а во меѓувреме Срѓан објави дека од потребните 15.000 долари се собрани нешто повеќе од 17.000 долари.

Како што наведе, сите вишок собрани пари ќе бидат пренасочени кон децата на кои им треба.