На 37-годишна возраст почина долгогодишниот босанско-херцеговачки медиумски работник Елвир Пањета, а од него се простуваат многу колеги, новинари, видео сниматели, монтажери, водители.

Во текот на својата кариера, Елвир Пањета работеше за БХРТ, Нова БХ и ТВ Уна. Тој починал во својот дом во Сараево, а причината за смртта засега не е позната.

Новинарката Аријана Сарачевиќ Хелиќ на својот Фејсбук напиша дека Елвир е син на Жијо Пањета кој загина бранејќи ја својата татковина кај Жуча, за што подоцна е одликуван со високото признание Златен љиљан.

„Душица, Сунчица, Лпотица. Така го нарекував и чувствував. Стивна срцето на нашиот скромен, искрен, убав Пања… Телевизиската заедница го сакаше. Тажни сме драг Пања и многу те сакаме. Оваа тага е едноставно неподнослива, тој уште се смееше синоќа“, напиша Сарачевиќ-Хелиќ.

На социјалните мрежи со емотивни пораки и пофални зборови за Елвир се простуваат и бројни други колеги на Пањета.