Синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа кај населеното место Златар во Хрватска во која загинал 18-годишен мотоциклист. Утрово полициски службеници од СВР Крапино-Загорска опишаа како дошло до несреќата.

Вчера, 1 ноември, околу 19 часот во Знож кај Златар, се случила сообраќајна незгода во која загина 18-годишен возач на мотоцикл“, соопшти хрватската полиција.

„Сообраќајната несреќа се случила затоа што 18-годишен хрватски државјанин, управувајќи нерегистриран мотоцикл пред да се стекне со право на управување, не ја прилагодил брзината на условите на патот (кривина, ноќе, удолница) излетал со моторот во одводен канал, удрил во мостот и во таа прилика смртно настрадал“, објави полицијата.

„Истрагата за сообраќајната несреќа ја извршија полициски службеници, а мртвото тело на жртвата е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Загреб.

Од 19:10 до 22:35 часот, патниот правец ŽC 2169 беше затворен за секаков сообраќај, а сообраќајот се одвиваше на обиколните правци Златар-Мартиншчина-Горња Батина“, се додава во соопштението.