Тажна вест ни доаѓа од Германија, каде пет лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Карлсруе. Од петте лица, четворица се фудбалери на локалниот клуб Алеманија Егенштајн.
Како што е потврдено, меѓу четирите жртви имало и двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, а уште потажно е што сите биле на возраст од 25 до 29 години.
Клубот официјално објави се.
„Алеманија Егенштајн е длабоко тажна поради загубата на нејзините активни фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушко, физиотерапевтот Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер“.
Како што беше кажано, 25-годишниот возач изгубил контрола над возилото, по што се судрил со таксито и излетал од патот.
📸
Be the first to write a comment.