Страшни вести доаѓаат од Јапонија, каде што одбојкарскиот репрезентативец Наонобу Фуџи починал на 32-годишна возраст по битка со тешка болест.

Одбојкарот со месеци се борел против рак на стомакот кој му бил откриен во февруари минатата година, но за жал му немало спас.

Наонобу цела кариера ја поминал во Јапонија, каде што го носел дресот на Тореј Ероуз со кој станал шампион во 2017 година, а добри резултати имал и со неговата репрезентација.