Ламија Еламри, со мароканско потекло, која беше застрелана со огнено оружје по убиственото дивеење на нејзиниот сопруг од албанско потекло, не e почината како што беше првично објавено. Таа се наоѓа на интензивна нега надвор од животна опасност.

Младата жена била застрелана со пиштол во градите и била подложена на тешка операција во поликлиниката во Бари, Италија.

Нејзиниот сопруг, албанскиот државјанин Олтјон Салаку, пукал во неа и откако сметал дека ѝ го одзел животот, си пукал со пиштол во глава, при што починал на лице место.

Според локалните медиуми во Касано дел Мурге, трагедијата се случила средата вечерта на улицата „Мартин Лутер Кинг“ и Салаку го употребил оружјето по жестока кавга со сопругата.

Во моментот на пукањето, 2-годишната ќерка на парот била со нејзината баба по мајка.

Олтјони работел како плочкар во Бари и сите го опишале како добро момче, но сенки на сомнеж го опкружуваат настанот и прашањето што истражителите го поставуваат е зошто чувал пиштол дома.

Пријател на Албанецот рекол дека го сретнал непосредно пред кобниот настан и Олтјони изгледал смирено, па дури и се шегувал со него.

Но, што се случило кога тој влегол во куќата, засега останува енигма. Има уште многу прашања на кои треба да се одговори, па работата на истражителите продолжува со цел да се открие што се случило.

📸

📸

📸

📸