45-годишен грчки армиски подофицер си го одзеде животот во Петрохоти, Ксанти, јавуваат грчките медиуми. 45-годишникот кој бил татко на едно дете, кога бил на службената должност го завршил животот со службеното оружје во канцеларијата.

Сето тоа се случило околу 7 часот и 30 минути наутро, кога неговите колеги го слушнале истрелот и потрчале да видат што се случува, но го виделе само телото на нивниот колега.

Несреќниот маж бил член на Артилерија и служел во Петрохори.

– Подофицер на возраст од 45 години, кој служел во единица во Ксанти и бил на должност, денеска во утринските часови внатре во кампот е тешко повреден од оружје. Веднаш бил пренесен во Општата болница во Ксанти каде и починал, како што се наведува во соопштението од грчкиот Генералштаб.

Причините за инцидентот се истражуваат соодветно. Генералштабот на Армијата изразува искрено сочувство до неговите блиски, се заклучува во соопштението.