Синоќа околу 02:20 се случила страшна сообраќајка во Нови Сад. Во несреќата непознат млад човек починал на лице место, додека 15-годишно девојче е тешко повредено.

Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската Итна помош, нивната екипа интервенирала на лице место и по првичната укажана помош, девојчето во тешка состојба со политрауматски повреди било пренесено во хируршкото одделение во детската болница.

Смртта на младиот човек била констатирана на лице место.

БМВ-то во кое се наоѓале излетало од патот, удрило во дрво и се скршило на половина, се претпоставува дека младиот човек испаднал од возилото.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸