Во инцидент во Техничкото училиште во српскиот град Трстеник учествувале тројца ученици кои ја понижиле наставничката, а сето тоа го снимиле со мобилен телефон и подоцна го објавиле на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од понижување на наставничката од тројца ученици, а за работата да биде уште полоша, еден од нив го снимил целиот настан на својот телефон, а подоцна тоа видео било објавено на социјалните мрежи.

На видеото може да се види како еден разговара со професорката и се расправа со неа, додека друг и приоѓа одзади и ѝ го одвлекува столот, додека третиот сето тоа го снима со мобилен телефон.

Оваа „шега“ заврши, за среќа, без посериозни последици за жртвата на насилство, која не се здоби со сериозни повреди, но срамното однесување на учениците ја изложи на страшно понижување.

Можеби полошо од каква било повреда е смеата на учениците кои уживаат да ја мачат наставничката. Како што изјави за медиумите директорот на Техничкото училиште каде се’ се случило, против „шегобијците“ е поведена дисциплинска постапка.