11-годишен ученик од основното училиште во Мојковац, „Алекса Ѓилас Беќо“ во средата во училницата донел таканаречен „свадбарски“ пиштол.

Според неофицијални информации, откако на момчето му бил одземен пиштолот, управата на училиштето пријавила во полиција. Како што соопштија за „Вијести“, истрагата е во тек, а информиран е и надлежниот обвинител.

„Според досегашните информации, момчето го донело пиштолот за да го покаже свој школски другар. Изјавите од учениците се собираат во соработка со Центарот за социјална работа. За се е известен надлежен обвинител“, велат од полицијата.

Објаснуваат дека во пиштолот, кој од училиштето го донеле во полиција, немало чаури, односно бил празен.