Синоќа во Сарај, Скопско, на крстосница од улиците „20“, „1“ и „2“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од Х.Н.(21) од Скопје и патничко возило „шевролет“, управувано од Б.К.(56) од Скопје.

Во несреќата сопатничката од патничкото возило „шевролет“, С.С.(57) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот Х.Н. и неговите сопатници Х.Н., Е.З.(22) и М.И.(19), сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила полициска екипа, соопшти МВР.