Кај селото Овчар Бања во близина на Чачак утроо се случила несреќа.
На местото на настанот се испратени екипи на итната помош и пожарникари, јавуваат српските медиуми.
– Според првичните информации има повредени, но засега се уште не знаеме за какви повреди станува збор. Во моментов од автобусот се извлекуваат патници – потврдено е за агенцијата РИНА.
Сообраќајната несреќа во Овчар Бања се случила во утринските часови.
ОБНОВЕНО: Не е во прашање сообраќајна несреќа
Иако според првите информации се говореше дека дошло до сообраќајна несреќа кога автобусот со патници излетал од патот, несреќата кај селото Овчар Бања во близина на Чачак се случила кога возачите на двата автобуса паузирале во Овчар Бања, а патниците излегле на пешачење по висечкиот мост на реката Западна Морава.
„Под товарот се скина сајлата и сите патници паднаа во вода. Пожарникарите, спасувачите и екипите на итната помош се на терен, луѓето се извлекуваат од водата. Повредените се транспортираат во Општата болница во Чачак. Над 50 луѓе паднаа во вода, се прават максимални напори сите луѓе што поскоро да се извлечат“, беше потврдено за агенцијата РИНА.
Be the first to write a comment.