Иако според првите информации се говореше дека дошло до сообраќајна несреќа кога автобусот со патници излетал од патот, несреќата кај селото Овчар Бања во близина на Чачак се случила кога возачите на двата автобуса паузирале во Овчар Бања, а патниците излегле на пешачење по висечкиот мост на реката Западна Морава.

„Под товарот се скина сајлата и сите патници паднаа во вода. Пожарникарите, спасувачите и екипите на итната помош се на терен, луѓето се извлекуваат од водата. Повредените се транспортираат во Општата болница во Чачак. Над 50 луѓе паднаа во вода, се прават максимални напори сите луѓе што поскоро да се извлечат“, беше потврдено за агенцијата РИНА.

Автобусот од кој патниците се симнале на пауза се движел од правец на Пожега кон Чачак. Претходно беше кажано дека овој висечки мост не е безбеден, бидејќи на некои делови недостасуваат штици.

Кога патролите пристигнале на местото, било утврдено дека не се работи за сообраќајна незгода, туку дека тиристите излегле од автобусот и се движеле преку пешачкиот мост, преку реката Западна Морава.

Мостот во еден момент се урнал и лицата паднале во реката. Нивното спасување е во тек.

– Според неофицијални информации има и загинати лица. Наводно, една жена починала бидејќи се заплеткала во речната трева, додека голем број луѓе биле повредени, јавува Курир.рс.

Евакуацијата на луѓето се уште е во тек, брза помош е на терен.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸