Две жени загинаа во несреќа кога се урна мостот на Западна Морава кај Овчарска бања во Србија. Според неофицијални информации, една од нив настрадала бидејќи се заплеткала во речната трева, јавува Блиц.рс.

Во несреќата што се случи при уривање на мостот додека патниците од автобусот пеш го минувале, повредени се 11 лица и сите се пренесени во болница.

„Под товарот се скина сајлата и сите патници паднаа во водата. На терен има пожарникари, спасувачи и екипи на итната помош, луѓето се извлекуваат од водата. Се уште има едно лице во водата. Повредените се транспортираат во Општата болница во Чачак. Над 50 лица паднале во вода“, потврдено е за агенцијата РИНА.