Во тешка сообраќајна несреќа на хрватскиот полуостров Пељешац на југот од земјата загина 27-годишен маж, јавува порталот „Далмација денес“, пренесува „Вечерњи.хр“.

Околу 13:00 часот патничко возило слета во морето кај траектното пристаниште во селото Прапратно. Во возилото имало едно лице кое за жал починало. Истрагата е во тек, соопшти полицијата.

Според неофицијални информации, се работи за момче (27) кое, како што јавуваат хрватските медиуми, „случајно згазнало на гаста додека автомобилот бил на паркинг и така летнал во морето“.

И покрај обидите да го оживеат, спасувачите не успеале да го спасат.