Дете загина попладнево во центарот на Сомбор во северна Србија, кога возач на камион налета на електричен велосипед управуван од жена.

Несреќата се случила околу 17 часот во центарот на Сомбор, кога возач на товарно возило налетал на електричен велосипед, кој го управувала жена и превезувала дете.

Детето им подлегнало на повредите, а жената е пренесена во болница, јавува дописникот на РТС. Истрагата ќе ги утврди причините за несреќата.

Инаку, сообраќајот на тешки возила е забранет во центарот на градот.