Пејачката Душица Грабовиќ јавноста ја запамети по тоа што пред неколку години осамна видео на кое гостите за време на еден настап, балшишот и го ставаа во гаќичките додека таа пее.

Оттогаш наваму, Душица важи за „кралица на бакшишот“, а познато е дека на приватни прослави покрај пари добивала и часовници и клучеви од автомобил.

А како и не би кога провокацијата започнува уште кога ќе ги погледнете нејзините плакати кои го најавуваат настапот, и на нив ќе видите дека пејачката ве кани на забава „пиштол гола“, променета само во провиден фустан од мерциризиран конец или нешто што е налик на рибарска мрежа од крупна провидна плетка. Провокативна до болка, секси до коска!

Сега на Инстаграм се појави видео од приватна прослава на која Душица настапувала во Мајами, а јасно е колку пари навистина добила од гостите и од домаќините. Душица ја подигнала атмосферата до ниво на лудило, додека во рацете се гледа како држи куп долари што не можеше ниту да ги додржи. Исто така, на масата пред неа има огромна сума на пари, па се шпекулира дека за овој настап земала бакшиш од неколку десетици илјади долари.

„Ајде да слушнам еден вресокк за мене!“, вели таа во еден момент додека пее и ги забавува гостите околу неа. Таа секако си заминала дома со полни џебови од оваа прослава, а потоа им се заблагодарила на сите за гостопримството и на Инстаграм.

„Толку многу убави и млади луѓе на едно место, ја направија оваа ноќ засекогаш да остане во моето сеќавање! Ви благодарам Мајами, ви благодарам луѓе за толку убаво гостопримство и се гледаме повторно наскоро!“, напиша Душица, а по Мајами заминала за Чикаго.

📸

📸

📸