Eден од најдобрите стрелци во историјата Хорхе Баљестерос е пронајден мртов на 40-годишна возраст.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Тој бил пронајден во автомобил на паркинг во еден трговски центар со прострелна рана во главата, а еден ден подоцна починал во болница во Мадрид. Баљестерос е поранешен светски шампион во дисциплината „пиштол со мал калибар“, а беше победник и на Европското првенство во Белград во 2019 година.

Освои 12 титули во Шпанија каде што е сметан за еден од најдобрите „пиштолџии“ во историјата. Исто така покрај спортот работеше и како полицаец. Се уште не е утврден неговиот мотив за самоубиство. Зад себе ја остави сопругата со две деца.