Почина д-р Зоран Жгаљадариќ од Хрватска, реномиран естетски хирург од регионот чии услуги ги користеа многу познати личности, пишува Нови лист. Колегите и пријателите се збогуваат на социјалните мрежи.
Зоран Жгаљардиќ е добитник на голем број награди за својата работа. Во ноември 2022 година, му беше доделена уште една награда во Дубаи, со што стана амбасадор на Меѓународниот бизнис институт.
Тој беше сопственик на Центарот за естетска хирургија – д-р Жгаљардиќ во Опатија и во Загреб, а го посетија голем број познати личности.
Причината за смртта се уште не е позната.
Be the first to write a comment.