Нова снимка од брутално насилство врз дете. Јавноста во Србија се уште не се смирила од грозоморното претепување на малото девојче во Грочка, а сега се појави уште едно страшно видео на кое се гледа како татко ја тепа својата ќерка.

Игор Јуриќ, основачот на фондацијата Тијана Јуриќ, го објави ова видео на социјалната мрежа, тврдејќи дека на него се гледа како татко ја тепа својата ќерка.

На вознемирувачкото видео можете да видите како мажот прво ја удира девојката со нога во стомакот, по што почнува силно да ја удира по главата.

Во еден момент девојката седнува на клупата, но тој ја зема влечејќи ја за јакната. Ја соборува на земја, а потоа повторно почнува да ја клоца во стомакот.

Како што напиша Јуриќ во описот на оваа објава, се претпоставува дека се работи за семејство кое доаѓа од Кина и напоменува дека „ќе поднесат кривична пријава против овој монструм“.