М.Ѓ. (82) од Лозница вечерва бил пронајден мртов, обесен во близина на кафулето спроти автобуската станица во Лозница.

Полицијата била информирана за бесење на маж на неколку метри од улицата од случајни минувачи. На местото веднаш излегла полицијата, а потоа и медицинската екипа која само констатирала смрт.

Несреќниот сограѓанин брзо бил идентификуван. Семејството во најмала рака е запрепастено од тоа што му се случило на тој возрасен човек, кој од сосема непознати причини решил да се самоубие.

Апсолутно ништо не навестувало дека такво нешто може да се случи. Се знае дека тој излегол од дома еден час претходно за да „ заврши некоја работа“.