18 месечно дете почина во грчкиот град Волос во областа Тесалија откако имало висока температура 5 дена. Веќе било доцна кога детето било однесено во болница.

Новороденчето на возраст од година ипол вчера попладне било пренесено во болницата во Волос, интубирано и малку подоцна починало, јавуваат грчките медиуми.

Детето имало треска и температура пет дена, а родителите го однеле на педијатар. Доенчето наеднаш престанало да дише, лекарите со Кардиопулмонална реанимација успеале да му го вратат пулсот, по што било префрлено во болницата „Ахилопулио“ каде било интубирано.

Впрочем, извори на весникот „Тесалија“, наведуваат дека 18-месечното момче во тешка состојба било пренесено во болницата во Волос, во придружба на матичниот педијатар кој го посетувал, кој веќе еднаш успеал да го врати во живот со Кардиопулмонална реанимација.

За жал, и покрај напорите на лекарите да го одржат во живот, бебето починало. Во болницата се лекува и неговиот брат близнак, чија здравствена состојба се смета за добра.

Родителите на близнаците биле информирани за смртта на едното и се во шок, додека сжво болницата добиваат поддршка од психолози.

Според известувањето на грчките медиуми, случајот сега го презела полицијата, која од родителите ќе побара одговор зошто го одложиле носењето на бебето на лекар.

Што велат лекарите во болницата во Волос

Од своја страна, лекарите во болницата во Волос, кои се бореа да го одржат во живот, изјавија:

„Детето пет дена имало температура како што не’ информираа. Направивме се’ што беше можно. Детето немаше пулс и неговата клиничка слика ни покажа тешка сепса“.

„Тестовите ќе ни го покажат микробот и се уште не можеме да кажеме ништо“, истакнаа тие. Како што објаснија, микробот направил локализирана инфекција која се проширила и влијаела на виталните органи.