Последен поздрав за МИТРОВ ЈУЛИ (1958-2022)

Денеска на 64 година возраст по неколкумесечно тешко боледување почина нашиот сограѓанин, Митров Јули од Гевгелија, познат како Јули ГАЊО.
Основно и средно образование заврши во Гевгелија, а по матурирањето се вработи во Основниот Суд во Гевгелија. Административната умешност и љубезноста која ја покажуваше во односите со странките кои кај него беа рамноправно примени и услужени, го направија да му биде доверена функцијата нотарски секретар при отварањето на првиот нотаријат во Гевгелија.

Гевгеличани го знаат по човечката добрина, по срдечноста, по културното однесување, по услужливоста, а некои не ги забораваат другарувањата и празнувањата со музиката и гитарата на Јули.

Беше дел од музичките состави во Гевгелија, групата „Кан Кан“, свиреше на гостувањето на Маријана и Росана во Гевгелија, со нашиот Васил Ангов, со Иљо Моински и други музички уметници.

Згаснаа денеска очите на Јули. Замина на помирно место каде болките исчезнуваат.

Вечен спокој и незаборав!