Публиката имаше можност најпрвин да го следи Александар Петрески во улога на презентер на ТВ 24, по што одреден период ни ги пренесуваше вестите на Канал 5.

По Канал 5, прејде на 1 ТВ на Боки 13, но по згаснувањето на телевизијата, три години Петрески беше дел од “Утрински брифинг”.

– Сега, Александар повторно на малите екрани. Од неодамна е дел од новинарскиот тим на телевизија Телма, а сега се појавува и како презентер на дневните вести, објави специјализираниот сајт tvpaket.com.mk.

Му честитаме и му посакуваме многу успех на новото работно место на младиот, успешен и перспективен новинар и презентер.