Марјанче Митевски, вработен во „Водовод и Канализација“ е нов вршител на должност, Директор на ова јавно претпријатие. Скопје Инфо неофицијално дознава дека Арсовска попладнево, експресно ја потпишала одлуката за неговото назначување.

Тој доаѓа на оваа позиција по разрешување на досегашниот директор Златко Перински, кој утрово беше сменет од директорското место.

Причината за разрешувањето на Перински според Арсовска е самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер