Во полиција било пријавено дека пациент побегнал од ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ во Бардовци, информираат од МВР.
-На 11.09.2022 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош, Ј.К.(56) од Скопје пријавил дека од болницата во Бардовци се оддалечил неговиот внук Г.Д.(22) од Скопје.
Тој и претходно бил пријавуван дека се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од МВР.
Be the first to write a comment.