Најмалку 19 лица загинаа, а шест се повредени кога автобус падна во канал во северен Египет, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Несреќата се случила во близина на градот Ага, во северниот регион Дакалија, соопштија полициски извори.

Причината за несреќата засега не е позната. Автобусот превезувал 35 луѓе кога излетал од автопатот и паднал во каналот Мансирија во градот Ага во провинцијата Дакалија.