Џемо Еминовиќ денеска околу 15 часот ја застрелал неговата снаа Зумрета, а потоа и себе пред семејниот дом. Тој е осомничен дека по кратка расправија ја убил снаата, а потоа и себеси пред семејната куќа во селото Црноча во близина на Нови Пазар.

Нејзиниот маж е во странство во моментов на привремена работа, а свекрвата во моментот на трагедија била во нива.

Соседите откриваат дека Џемо неодамна се вратил од болница, каде што имал операција, а наводно имал и психички проблеми. По повик на соседите пристигнала полицијата откако се слушнале истрелите, по што и брзата помош.

– Во соседството прво слушнале три истрели, а потоа по неколку минути уште еден – јави РТВ Нови Пазар.

На повик од соседите веднаш пристигнале припадници на Полициската управа на Нови Пазар, а потоа и јавен обвинител.

Дошле и лекари од Брза помош од Нови Пазар, кои можеле само да констатираат смрт на двете лица.