Свадбата на Мартина Равлиќ, ќерка на успешен хрватски бизнисмен и Дарко Маријановиќ, сопственикот на хотелот „Скала“ во Водице, е тема за која не престанува да се зборува. Гостите ги забавуваше пејачката Лепа Брена која се појави во фустан со длабоко деколте и пееше до 01 часот по полноќ.

Беа и Петар Грашо, тамбурашкиот бенд Сокак од Ѓаково и музичкиот бенд Марципан од Нови Сад. Свадбарите ги забавувале и стомачни танчерки. Облечени во бел ансамбл, девојките кои наводно ги воодушевиле гостите танцувале без гаќички.

Инаку, Мартина Равлиќ е ќерка на Мате Равлиќ, сопственик на фирмата за преработка на дрво Славонија Д.И. од Славонски Брод. Компанијата на нејзиниот татко ја презела на 30-годишна возраст, веднаш по завршувањето на училиштето, каде што се подготвувала да го преземе семејниот бизнис.

Во 2017 година, Мартина влезе во првите пет претприемачи на годината.

📸

📸

📸

📸