На 13.11.2022 во 00.50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на ул.„Чаирска” за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) и истата била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Според МВР, таму починала, при што од лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Лицето е предадено на обдукција.