На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од удирање на дете на пешачки премин во Шабац.
На видеото се гледа како мајка со трите деца ја преминува улицата на пешачкиот премин, а во раце го носи најмалото дете, а до нив две деца се возат со тротинети. Едно од момчињата кои се возеле на тротинет одеднаш било удрено од автомобил кој не застанал.
– Мајка со дете во раце пред да помине на пешачки премин гледа лево-десно, а потоа децата ја следат мајката. Во еден момент детето со тротинетот забрзува и во тој момент доаѓа автомобил и го удира детето. Детето потоа се подига, а мајката се движи физички да се пресмета со возачот. После тоа, луѓето од околните продавници пристапуваат да помогнат – стои во описот под видеото.
Се наведува дека сообраќајната несреќа се случила на аголот од улиците Коста Абрашевиќ и Милош Обилиќ.
Be the first to write a comment.