Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево во кањонот Тара на магистралниот пат Мојковац – Пљевља во Црна Гора.

Во несреќата загинала мајката, две малолетни деца се водат за исчезнати, додека третото дете го преживеало излетувањето на автомобилот во провалија и е префрлено во Општата болница во Пљвља. Не се знае за какви повреди се работи.

По излетувањето автомобилот завршил во реката Тара.

Сопругот на жената и татко на децата изјавил дека мајката патувала во автомобилот со сите три деца, па полицијата и спасувачките служби трагаат по двете деца.

– Припадниците на Планинарската спасувачка служба на Црна Гора, на повик на ОКЦ 112 на Дирекцијата за заштита и спасување на црногорското МВР, започнаа спасувачка акција во кањонот Тара, Сплавиште. Според информациите со кои располагаме на споменатата локација дошло до сообраќајна незгода, стои на ФБ страницата на ПСС.