Жена (57) починала како последица на труење со печурки купени од тезга во Шабац што ги продавала Марија Г. Како што дознаваат српските медиуми, жената била хоспитализирана во петокот во болницата во Шабац, по што во неделата била пренесена во Белград на Воено медицинската академија (ВМА).

– Бубрезите и откажале, по што четири пати била реанимирана, но немало помош, објавија попладнево српските медиуми.

Потсетуваме, Марија Ѓ.(72) од населеното место Ќуковина, од која седум лица на пазарот во овој град купиле печурки од кои се отруле, полицијата ја задржала 48 часа и ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Шабац.

Полицијата запленила и одредена количина печурки, кои ќе бидат вештачени.

– На ВМА има уште осум лица кои исто така се затруле од истите печурки, а лекарите се борат за нивниот живот, пишува Телеграф.рс.

На продавачката ѝ се заканува затворска казна

Осомничената продавачка на печурки Марија.Г.(72) од Ќуковина ќе одговара за тешко кривично дело против здравјето на луѓето за што ѝ се заканува казна затвор од една до осум години, дознава „Политика“.

Таа добила притвор до 48 часа и допрва треба да биде сослушана од обвинителството. Според Јелена Алексиќ, заменик основен јавен обвинител и портпарол на Основното јавно обвинителство Шабац, таа ќе биде сослушана согласно законските одредби поради сомнение за сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето од член 259 став 1 во врска со чл.256 ст. прв од Кривичниот законик (КЗ).

Станува збор за кривично дело производство и пуштање во промет штетни производи, за што е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години и парична казна. „Ова дело го прави тој што произведува за продажба, продава или пушта во промет штетни прехранбени производи, храна или пијалок, лекови или медицинско помагало или други штетни производи“, се наведува во член 256 од Кривичниот законик.

Ова кривично дело може да има и многу тешки последици – доколку има сериозни оштетувања на здравјето, во тој случај предвидена е затворска казна од една до осум години. Доколку е сторено несовесно, предвидена е санкција до три години.