Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Нови Сад доцна вечерва, јавуваат српските медиуми. Несреќата се случила околу 23 часот и 10 минути, на крајот од булеварот Војвода Степа.

Како што информираат локалните медиуми, возач со автомобил влетал во слепиот дел од тој булевар кој се користи како паркинг и удрил во паркиран камион.

Дошло до експлозија, а во пожарот изгореле автомобил и камион, додека друг камион е оштетен.

Чад е видлив од сите делови на градот. Во моментов во прекин е сообраќајот на крстосницата Булевар Војвода Степа и Кнез Милош.

📸

📸

📸

📸

📸

📸