Младиот Марко Л.(22), според зборовите на неговиот татко, бил во автомобилот кој синоќа експлодираше во новосадско Ново Насеље.

Според информациите со кои располагаат српските медиуми, автомобилот Тојота Јарис кој изгоре е сопственост на фирмата на В.Л. чиј син, како што се сомнева, настрада.

Без разлика на изјавата на В.Л., телото на жртвата е испратено на обдукција за конечна официјална идентификација и утврдување на причината за смртта. Телото е јагленосано во значителна мера.

Да потсетиме, несреќата се случила нешто по 23 часот на крајот од булеварот Војводе Степа кога возачот на автомобилот влетал во слепиот дел од улицата што се користи како паркинг и се забил во камионот.

По судирот дошло до експлозија, а во пожарот изгореле автомобил и камион, а оштетено е и товарно возило.