Најмалку 28 лица се убиени во масовно пукање во североисточна тајландска провинција, изјави портпаролот на полицијата.
Полицијата соопшти дека меѓу жртвите има и деца и дека напаѓачот пукал и избодел деца и возрасни.
Мотивот за нападот се уште не е познат.
„Има најмалку 20 мртви, но информациите се уште пристигнуваат“, изјави за Ројтерс заменик-портпаролот на полицијата Архон Краитонг.
Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Ламфу. Полицијата соопшти дека меѓу убиените има и деца и дека сторителот е поранешен полицаец.
Потрагата по осомничениот е во тек, јавуваат агенциите.
Be the first to write a comment.