Најмалку 31 лице се убиени во масовно пукање во градинка на Тајланд, соопштија од кабинетот на премиерот на земјата, а пренесува Си-Ен-Ен. Вооружениот напаѓач бил поранешен полицаец, а тој и натаму е на слобода.

Премиерот Прајут Чан-оча изрази сочувство по повод пукањето во кое загинаа 31 лице, соопштија од неговиот кабинет. Претседателот на Владата на Тајланд наредил да го уапсат напаѓачот што е можно побрзо.

Од полицијата наведуваат дека меѓу жртвите има и деца. Некои информации говорат дека покрај огнено оружје, напаѓачот имал и нож кој го употребил во нападот.