На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка во Тајланд, каде имало масовно пукање. Според последните податоци, загинале најмалку 32 лица, од кои најмалку 10 се деца.

На видеата се гледаат многу луѓе пред градинката, најверојатно родители, се гушкаат со деца, додека други врескаат, пренесуваат медиумите.

На терен се и возила на брза помош, а се гледаат телата на жртвите покриени со чаршафи.

Осомничениот наводно е екс полицаецот Пања Камраб (34), кој наводно бил отпуштен од службата поради консумирање наркотични дроги.

Објавени се спротивставени информации за осомничениот. Според некои медиуми тој е во бегство, а други пишуваат дека се самоубил.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило во североисточната провинција на земјата.

Засега не е познат мотивот зад овој брутален напад.